Седмдесет и девет годишната Љуба Крстева е првото слепо лице, кое во Штип ја доби сметката за вода на Брајево писмо. Азбуката ја научила во родната Хрватска, а според Крстева којашто живее сама ова е големо олеснување за неа и семејството. Нејзиниот син секој месец има обврска да ги чита и плаќа сметките.
Слепите лица во Штип за првпат добиваат сметки од комуналното претпријатие „Исар“ на Брајево писмо. Ова е голем чекор за олсенувањето на животот на слепите лица, но сега има проблем со печатач и хартија за Браевото писмо.
Во Штип денеска девет членови на Здружението на слепи лица добија сметки од комуналното претпријатие „Исар“ на Брајево писмо.
Викторија Јованова











