Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

8000 тони воена опрема, оружје и муниција пристигнале во Израел со над 200 авиони и бродови по почетокот на војната против Иран

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Како се храни разорната израелска воена машинерија,  која го напаѓа Иран, но и јужен Либан и Бејрут?

Израел соопшти дека околу 8.000 тони воена опрема, оружје и муниција пристигнале во земјата од почетокот нa војната, која еврејската држава ја започна со Иран, но и Либан.

Израелското Министерство за одбрана ја истакна оваа бројка во соопштение објавено во четвртокот.

Спроред министерството,  повеќе од 200 авиони и бродови што ја превезувале оваа огромна воена помош пристигнале во земјата од почетокот на војната.

Иако нема информации за потеклото на оваа воена помош, традиционално најголем дел од воената помош за Израел доаѓа од Соединетите американски држави.