Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ кубури со пари, но купува 82 нови возила

/

пред 965 дена

Сподели преку :

Пред избори и во време кога ЕСМ се обидува да ги реши проблемите со ликвидноста, компанијата ќе се поднови со 82 нови возила за кои треба да плати 2, 3 милиони евра.

Се набавуваат од две компании.

52 возила од моделите на „дачија“ треба да ги испорача „Аутомотив Груп ДООЕЛ“, а останатите 30 се од марката „пежо 2008“ од фирмата „Еуроипмекс ДОО“.

Моделите на „дачија“  имаат ЛЕД осветлување, сензори за паркирање и дожд, камера за паркирање, систем за контрола на мртов агол, погон на  сите четири тркала. Од документите може да се види дека со слични карактеристики се и возилата од моделот „пежо 2008“.

Пишува дека  се за потребите на дирекцијата и подружниците на ЕСМ.

  • ЕСМ од сопствени средства изврши јавна набавка на нови возила. Финансиските средства за набавка на возилата се планирани со финансискиот план на АД ЕСМ и набавката е предвидена во планот за јавни набавки. Што се однесува до завршната сметка за 2023 г. за работењето на АД ЕСМ, таа се уште е во изработка, но можеме да кажеме дека најверојатно 2023 г. ќе ја завршиме со добивка, позитивен финансиски резултат. Во АД ЕСМ не е спроведена јавна набавка на возила од 2010г. Возниот парк со кој располага компанијата е застарен и согласно пресметките трошоците за нивно одржување се повисоки во споредба со набавката на нови возила, се вели меѓу другото во одговорот на АД ЕСМ до Телма ТВ.

Ова се случува во време кога државните електрани заклучно со третиот квартал лани се во загуба од над 6 милиони евра, а имаат и долгови и  кон домашни и странски фирми.  Дека компанијата има доспеани, а неплатени обврски пишува и во последниот извештај на финансии.

Од документот пак до кој дојде КОД може да се види дека за враќање на  долговите фирмата пари обезбедува и од ЕБОР.  За потребата известен бил и Управниот одбор на ЕСМ. Може да се види дека со исплатата на обврските кон одредени добавувачи, компанијата доцни повеќе од 90 дена.

Дека ЕСМ  се соочува со криза може да се види  од овој документ. Во него пишува дека секторот за финансии дава одредени препораки што треба да се преземе за да може ЕСМ полесно да  ја надмине кризата со ликвидноста во која се наоѓа.

Меѓу препораките е и можноста да се договорат средби, но и динамиката на враќање на долговите со компаниите кои доставуваат опомени пред тужби.

Според, информациите за оваа година на ЕСМ не ѝ се префрлени пари од државниот буџет, нешто што се случуваше изминатиот период за да може компанијата да работи.

Ирена Чачкова