Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ацо Ристов мина уште еден филтер во собранието за наследник на Бислимовски во РКЕ

/

пред 206 дена

Сподели преку :

Кандидатот за нов претседател на Регулаторната комисија, Ацо Ристов го помина филтерот во Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За неговата кандидатура седум членови гласаа „за“, а двајца „против“.

Ристов е дипломиран електроинженер и поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2021 до 2025 година. Неговата сопруга Данка Ристова е членка на Судскиот совет.

Ристов пред кандидатурата ја отстапи неговата компанија за проектирање и изградба на мали хидроцентрали.

Кандидатурата на неговиот противкандидат Шамил Реџепи беше отфрлена поради непотполна документација.

Огласот за претседател на РКЕ беше објавен по оставката на Марко Бислимоски. Претседателот на комисијата Ѓорѓија Сајкоски констатираше дека Ристов ги исполнува условите за функцијата. Со него не се согласи Арбана Пашоли, пратеничка од ДУИ која сметаше дека критериумите во огласот биле ограничени, што создавало неусогласеност со законското решение.