Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АД ЕСМ не крие дека една фирма ги добива тендерите за мазут, но сѐ уште ги крие условите во договорите за јавна набавка

/

пред 1342 дена

Сподели преку :

АД ЕСМ правел добрини и иако немале обврска ги објавувале склучените договори за набавка на гас, електрична енергија, но и мазут. Барем така вели директороот на државната енергетска компанија. Ковачевски и денеска го избегна одговорот, но и деталите од јавните набавки компанијата да ги објави условите во договорите тешки 270 милиони евра. Според, него нема ништо спорно што лиценцираната фирма РКМ, на Ратко Капушевски, ексфункционер од времето на Груевски, со увозник во минатото на спорни енергенси во квалитетот ги добива последните неколку договори. РКМ е единствениот понудувач кој ги исполнил условите, а цената била главниот критериум на првиот повик за 150 илајди тони мазут за ТЕЦ Неготино.

Но, она што е регуларно и не е спорно за Ковачевски, е предмет на интерес на антикорпуционерите. По, сториите на КОД, се заинтересира антикорупциска за да ги испита наводите, но и информацијата која ја таи ЕСМ затоа дали тендерите биле наменски пропишани за некоја од компаните, со оглед дека се предвидени точни колични на дневна потрошувачка и испорака на договорниот енергенс, а изостана и одговорот од ЕСМ, кој дал банкарска гаранција за фирма со минимална добивка и со висок ризик.

Но, загатката се крие во условите кои се пропишани во тендерската документација за овој оглас. Според она што го објави КОД по извршен увид во документацијата, дел од условите се менуваат поради што на огласот се отвора можност да влезе фирма како РКМ, а да станат пречка за други компании кои продаваат мазут. Само РКМ поднела понуда, возвраќаа од ЕСМ кога беа прашувани зошто контроверзната фирма на Капушевски, која беше опфатена со скандал на транспорт на отпадно масло како мазут, скандал откриен во Хрватска, успеала да добие можност да продаде 150 илјади тони мазут на државни електрани за да произведува струја.

Павле Беловски