Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адвокатот на Кешишев побара Палевски да биде отстранет од судница

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Адвокатот на обвинетиот Влатко Кешишев побара Љупчо Палевски Палчо да биде отстранет од судницата, зашто неговиот клиент се плаши од него да ја зборува вистината за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

По отстранувањето на Палчо од судницата, Кешишев призна дека учествувал во грабнувањето на Жежовски.

Не бил директно вклучен, туку чекал во кола додека останатите тројца обвинети го грабнале и го однеле кај дупката која две години претходно ја ископале тој и обвинетиот Велибор Манев.

Кога ја ископале дупката, мислел дека копаат злато. Не сведочел на убиството, за кое, како што рече, дознал кога дошле од Велес во Скопје. Кешишев, кој според исказите, му слугувал на Палчо во партијата „Десна“, претходно напиша изјава во која негира учество на Палчо во случајот, но после ја повлече и рече дека ја напишал под закана од Палевски.

Продолжува сведочењето на Кешишев за грабнувањето и убиството на девојчето Вања Ѓорчевска.