Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АЕК додели одобрение за трет мобилен оператор во Македонија

/

пред 254 дена

Сподели преку :

Агенцијата за електронски комуникации денеска ќе му издаде одобрение на „ОНЕ Македонија телекомуникации“ – унгарски „Фор-ај-џи“, за работа како трет мобилен оператор во државата.

Компанијата ја уплати целосната сума за трите радиофреквенциски опсези, вкупно 8 милиони евра, и може да почне со работа, користејќи пристап преку мрежите на постојните оператори додека ја гради својата инфраструктура.

Сопственикот на „Фор-ај-џи“ најави инвестиција од над 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор. Новиот оператор треба да покрие еден град со 5G до крајот на март 2027 година, главните коридори до 2028, сите градови до 2030 година, а пристап до 5G за сите граѓани до 2032 година со минимална брзина од 100 Mbps.

Процесот за воведување трет мобилен оператор почна минатата година, а единствен квалификуван понудувач на тендерот за радиофреквенции беше „ОНЕ Македонија телекомуникации“.

T.Д.