Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аеродромите во Москва привремено затворени за сообраќај поради масовен украински напад со дронови

/

пред 230 дена

Сподели преку :

Ограничувања за летови од безбедносни причини беа воведени на четири московски аеродроми, објави денеска рускиот регулатор за воздухопловство „Росавијација“, по нападот со беспилотни летала врз руската престолнина.

„На аеродроми Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево воведени се привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони. Ограничувањата се неопходни за да се обезбеди безбедноста на летовите“, се вели во соопштението на „Росавијација“.

Во меѓувреме, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека силите за воздушна одбрана на руското Министерство за одбрана собориле вкупно десет беспилотни летала што летале кон руската престолнина.