Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аерозагадувањето убива – меѓу најпогодените и Македонија

/

пред 641 дена

Сподели преку :

Аерозагадувањето убива. Mеѓу најпогодените и Македонија. Според извештаите на Европската комисија (ЕК) и Организацијата за економска соработка и развој, земјава, заедно со Србија, бележи високи стапки на смртност, како последица на аерозагадувањето, пишува „Еуроњуз“.

Од соседните земји, Албанија, Бугарија и Црна Гора, исто така, мерат високи нивоа на загаденост. Изложеноста на PM2.5 честички предизвикало околу 239.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2021 година, додека 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид, се вели во извештаите на Европската агенција за животна средина.

Истражувањето на Њувенхајсен ги нагласува различните предизвици со кои се соочуваат различните делови на Европа, вклучувајќи ги земјите од Југоисточна Европа, како Македонија, во справување со загадувањето на воздухот.