Физиотерапевтка на тимот на Полска на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), излезе со појаснување на својата изјава која вчера ја даде за Телма.
Таа вели дека, во јавноста се добил поинаков впечатокот па објаснува дека креветот го дели со женски тренер, но и дека целосно е свесна и се согласила на условите.
,,Ние се фокусираме на спортот и спортскиот дух и сме полни со емоции затоа што го освоивме бронзениот медал, така што ајде да се фокусираме на тоа“ вели Агата.
Агата повика јавноста да се фокусира на вистинскиот повод за радост: „Ние се фокусираме на спортот и спортскиот дух. Полни сме со емоции затоа што го освоивме бронзениот медал. Ајде да се фокусираме на тоа.“
Спиеме по две во кревет, храната е малку – дел од спортистите на ЕМОФ за Телма за условите во Скопје











