Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ахмети не сака во влада ни да го молат ?!

/

пред 758 дена

Сподели преку :

По сто дена реакции дека тие, а не „Вреди„ треба да бидат во владата, ДУИ се предомислија:сега не сакаат, ни да ги молат. На организираниот пандан на „Сто дена влада„, насловен како „Сто дена скандали„, нивниот лидер изјави дека во „Европскиот фронт„ не се заинтересирани да станат дел од владата.

– Ние не сме резервна гума.Ние сме легитимните претставници на Албанците, Вреди„ не победија на изборите. Албанците се субјект, а не објект. Нека не играат „мајтап“ со големи работи, се загрозува законот за јазици, „не отворај стари рани брате“затоа што нема да излезе на добро работата, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците, дури ги повика „Вреди„, да излезат од владата и да им се придружат во Европскиот фронт.

-Не` обвинија дека сме хистерични за власт, но еве ние нема да дојдеме кај вас, дојдете вие кај нас, ќе го осмислиме нашиот фронт и ќе му го покажеме местото на Христијан Мицкоски, ќе му ги покажеме црвените линии и до каде има право да постапува со овој народ, рече Села.

Од „Вреди„ им вратија дека ова е претстава за бркање на уплавот од нивното соочување со правдата.

Најголеми пропусти во функционирањето на оваа влада за „Европскиот фронт„ се тие што се однесуваат директно на Албанците, како замрзнувањето на вработувањата по етнички клуч и инцидентот со косовската претседателка, Вјоса Османи.

Далиборка Демјански