Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ахмети: Орлите летаат високо не се кријат како зајаци

/

пред 391 дена

Сподели преку :

Охридскиот договор, Балансерот, ЕУ и САД преовладуваа во вечерашниот говор на лидерот на ДУИ, на промотивната конвенција на кандидатите за градоначалници. Најспомнувано име, пак, беше Христијан Мицкоски, на чија сметка Али Ахмети упати голем број критики. Повика на единство, велејќи дека токму потезите на премиерот ги натерале на обединување.

– Мицкоски нè собра, игнорирајќи нè како Албанци и газејќи го нашиот народ. Со куче одиш на лов на зајаци, но не и на орли. Ние сме орли што летаат високо на синото небо и не се кријат како зајаци, рече Ахмети.

Повици за национална мобилизација стигнаа и од партнерите од коалицијата, која неодамна се ребрендираше во Национална алијанса за интеграција. Во салата се скандираше УЧК и се пуштаа видеа од военото минато на Ахмети.

Еуфоричната атмосфера почна и заврши со зурли и тапани.

Далиборка Демјанска