Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чипирајте ги кучињата – АХВ со апел до сопствениците на домашни миленици

/

пред 235 дена

Сподели преку :

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик.

„Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. Микрочипирањето е основа за дефинирање на сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита на животните и поголема безбедност за сопствениците, од аспект на пренесување на заразните болести од животните на луѓето“, посочуваат од агенцијата.

Оттаму потсетуваат до сопствениците кои ги имаат микрочипирано домашните миленици дека имаат законска обврска секоја промена во однос на податоците за животното, или сопственикот да ја пријават до надлежното ветеринарно друштво кое треба да изврши промена во електронската база на податоци.

„Во базата на податоци треба да се евидентира и угинувањето, губењето или купопродажбата на животните“, велат од АХВ.

Микрочипирањето на милениците има за цел трајна идентификација на животните, спречување на нивно напуштање и контрола на нивното размножување, но и нивно полесно пронаоѓање во случај на губење или кражба.