Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АХВ: Од пазарот се повлекува јогурт Балaнс плус во пакување од еден литар

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Од пазарот се повлекува јогурт Балaнс плус, во пакување од еден литар, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Била испратена количина која не е наменета за македонскиот пазар, и е со неусогласена концентрација на афлатоксини, што според надлежните е потенцијален ризик по здравјето  на луѓето.

Се повлекуваат пакувањата со рок на употреба до 28 ноември. Потрошувачите кои гo имаат купено јогуртот со сериски број 28.11. 22,  да нe гo пијат, и да гo вратат на местото од каде гo купиле, порачува Агенцијата за храна и ветеринарство.