Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АХВ со вонредни контроли на игротеките – осум од нив не ги задоволувале хигиенските услови

/

пред 733 дена

Сподели преку :

Шеснаесет игротеки во земјава служеле прехранбени производи, иако не биле регистрирани како оператори со храна. Кај осум е утврдено дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.

АХВ со вонредни контроли влезе во 92 објекти.

Инспекторите утврдиле и дека дел од вработените немаат спроведено здравствени прегледи.

Со контролите било утврдено и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и уништени над 11 килограми млечни производи.

За утврдените недоследности издадени се 19 решенија, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казни.