Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АХВ: Запленети 40 тони небезбедни сувомеснати производи во див објект во Маџари

/

пред 577 дена

Сподели преку :

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полицијата спроведе вонреден инспекциски надзор во див објект во Маџари во кој била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло.

„Во објектот, кој служел како магацин за храна, а кој не е регистриран во АХВ како оператор, инспекциските служби на Агенцијата нашле 40.751 килограми небезбедни производи (сувомесни и кондиторски производи), за кои е издадено решение и кои се нештетно уништени“, соопшти денеска АХВ.

Дополнително, како што посочуваат од АХВ, во дворот на дивиот магацин, МВР заплени превозно средство – комбе, во кое се пронајдени 360 килограми небезбедни сувомесни и кондиторски производи кои, исто така, се нештетно уништени. Обезбедена е целокупната документација за реализираните увози, како и за следливоста на пратките, за период од последните шест месеци, информираат од АХВ.

За сторен прекршок неусогласеност со барањата за безбедност на храната и за преземените постапки за спречување на ризик по здравјето на потрошувачите, на правното лице кое стопанисувало со дивиот магацин за храна, изречена му е казна од 18.000 евра во денарска противвредност. Со 1.500 евра во денарска противвредност, казнето е и одговорното лице на операторот со храна.