Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АХВ затвори 15 објекти за храна во близина на училишта, 26 работеле без дозвола

/

пред 334 дена

Сподели преку :

Петнаесет сендвичарници, бурекџилници и продавници за храна, во Скопје, Битола, Велес, Штип, Прилеп, Струмица, Сруга, Охрид, кои се наоѓаат, во и околу, основните и средни училишта, односно таму каде учениците најчесто купуваат храна, добиле забрана за вршење на дејност од Агенцијата за храна и втеринарство.

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, за Телма вели дека во акцијата која била спроведена на територијата на целата држава, инспекторите на АХВ изрекле и парични казни за 77 оператори со храна, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противредност.

Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи, изјави Миланов.

Инспекторите на АХВ утврдиле и дека 19 оператори во промет ставиле небезбедна храна, додека кај 30 е утврдено дека немаат задоволителни хигиенските прописи за безбедност на храната.

Од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство. Шеснаесет оператори немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица, изјави Миланов.

Во акцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство, во која учествувале педесетина инспектори, утврдено е и дека тројца оператори со храна немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Контролите откриле и несоодветно означена храна кај седум оператори со храна.

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство, освен забраната за работа за 15 места за продажба на храна во близина на училишта и паричните казни за 77 од 445 проверени места, издале и 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности, а изречени се и 23 опомени.

Миланов вели дека акцијата е спроведена во рамки на редовните планирани контроли, но оти во следниот период Агенцијата ќе продолжи и со вонредни инспекциски контроли на целата територија на државата на сите оператори со храна кои што произведуваат, увезуваат, препакуваат секаков вид на храна.

Тамара Грнчароска