Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ајатолахот Хамнеи го назначи првиот потпретседател Мокбер за вршител на должноста претседател на Иран

/

пред 885 дена

Сподели преку :

  • Како што гледате, јас сум токму таму каде што се урна хеликоптерот на г-дин Раиси. Како што знаете, вчера, по свеченоста на браната Киз Каласи, на враќање кон Табриз, инцидентот се случи поради магливото време и врнежите, овде во џунглата Арасбаран, известуваше Фаршид Абди, известувач на ИРИБ.

Репортерите на иранската државна телевизија кои први стигнаа на местото на несреќата ја објавија веста за загинувањето на иранскиот претседател Ибрахим Раиси откако хеликоптерот со кој патување тој се урна во планински регион во северозападниот дел на земјата. Меѓу загинатите е и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амираб-долахиан, потоа гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан, други службеници и телохранители.

Врховниот лидер на Иран, Ајатолахот Али Хамнеи, испрачајќи порака со сочувство денеска го назначи првиот потпретседател Мохамад Мокбер за вршител на должноста претседател на земјата. Во земјата е прогласена петдневна жалост. Претседателот Раиси беше тврдокорен свештеник близок до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Изборите за нов претседател треба да се одржат во следните 50 дена.

Синоќа залудна беше и молитвата на илјадници Иранчани кои во центарот на Техеран одржаа групна молитва за спас на нивниот претседател.

Несреќата се случи во моментот кога Блискиот Исток е разбрануван поради војната меѓу Израел и Хамас, за време на која Раиси, кој имаше 63 години, изврши невиден напад со беспилотни летала и ракети врз Израел минатиот месец.

Во една своја неодамнешна изјава Раиси и покрај обвинувањата на Западот ја убедуваше јавноста дека неговата земја нема нуклеарно оружје, бидејќи тоа е во спротивност со фатвата, односно нивниот верски декрет и дека земјата нема одобрување од ајатолахот Али Хамнеи.

  • Стекнувањето нуклеарно оружје воопшто не постои во нашата доктрина. Тоа е забрането, не поради меѓународните забрани или МААЕ, не, лидерот на муслиманите и мудриот водач на револуцијата (ајатолахот Али Хамнеи) како што објави нашата религиозна референца, фатвата тоа го забранува и врз основа на тоа нема да биде во нашата доктрина, рече Ибрахим Раиси, претседател на Иран на 27.04.2024.

Иранските медиуми не сугерираат дека имало валкана игра, туку само дека времето било лошо и дека дошло до несреќа. Сепак според аналитичарите, претседателот Раиси имаше многу непријатели и сега ќе има многу луѓе кои ќе бидат задоволни што тој е мртов. Изборите за негов наследник не треба да се очекува да бидат демократски и фер, бидејќи во минатото изборот се вршеше од кандидати исламскиот политички спектар, а дел од нив не им беше дозволено да се кандидираат. Раиси беше претседател од 2021 година и за време на неговиот мандат беше вклучен во масовни акции против луѓето во Иран, во 80-тите, тој практично ги потпиша смртните казни за илјадници дисиденти, кои беа главно левичари.

Билјана Ставрова