Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Aкција на МВР за детска порнографија, под сомение познат водител

/

пред 188 дена

Сподели преку :

Секторот за Компјутерски Криминал при БЈБ- МВР, во координација со Отсеците за Компјутерски Криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Република Северна Македонија.

Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно седум локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и Дистрибуција на Детска Порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик при што ќе бидат одземени компјутерски уреди и компјутерски податоци кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.

За едно од лицата кај кого ќе се врши претрес Б.К. од Струга постојат информации дека е претседател на бугарско здржение во Македонија и водител е на подкаст со студио лоцирано во Скопје.