Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Акциска контрола во Скопје: Приведени лица и санкции за угостителски објекти

/

пред 434 дена

Сподели преку :

Во рамки на засилената акциска контрола спроведена синоќа од 18:00 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје констатирале вкупно 99 сообраќајни прекршоци на подрачјето на градот.

При контролата биле подигнати 11 возила со „Пајак“, а две возила биле одземени поради предизвикување голема бучава.

Приведени се четири лица кај кои биле пронајдени наркотични средства, како и две малолетни лица заради утврдување идентитет и сообраќајни прекршоци, меѓу кои и возење без возачка дозвола.

Контролата беше насочена кон подобрување на безбедноста и јавниот ред.

Во координација со инспектори за животна средина и Пазарниот инспекторат, биле контролирани и угостителски објекти.

Кај два објекта во централното градско подрачје е измерено прекумерно ниво на бучава, по што се составени записници за нарушување на јавниот ред и извршена е проверка на нивната документација.