Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако толку сакате да се борите, уште утре одете во Украина – Салвини со порака до Макрон

/

пред 895 дена

Сподели преку :

Заменик италијанскиот премиер Матео Салвини остро го осуди предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање на трупи во Украина, додавајќи дека политичарите ко изразуваат такви идеи се опасни за општествата.

Одговарајќи на новинарско прашање за неодамнешните изјави на Макрон и на поранешниот италијански пермиер Марио Монти дека Западот не треба да исклучува можност за испраќање на сили во Украина, Салвини порача дека неговите колеги „треба да се опорават“.

„Опасни се оние кои држат таква точка на гледишта и говорат за тоа како да е нешто нормално, а тоа важи и за Макрон и за Монти“, смета Салвини, пренесува „Парисиен“.

„Ако толку сакаат да се борат, нека одат во Украина уште утре. Таму ги чекаат“, додаде тој.

Салвини уште во март се огласи на темата испраќање сили во Украина. Италијанскиот политичар тогаш го обвини францускиот претседател дека „претставува опасност за нашата земја и за нашиот континент“.