Пожарот во атарот на селото Никуштак, општина Липково, сè уште е активен и се шири кон Орланци, Скопска Црна Гора, како и во правец на селото Матејче и манастирот Пресвета Богородица, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во гаснењето се вклучени екипи од подружницата на „Национални шуми“ од Куманово, а од 10 часот утринава во акцијата се вклучени и два авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот се проширува во непристапен терен, што дополнително ја отежнува интервенцијата.
Надлежните институции апелираат на внимателност и повикуваат граѓаните да не се движат во близина на загрозените подрачја.











