Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Активисти на терен: „Вардариште гори, институциите молчат“ – граѓаните со 7 итни барања

/

пред 378 дена

Сподели преку :

Активистите од иницијативата „Стоп за Вардариште“ утринава влегоа на дивата депонија, барајќи итна акција од надлежните институции.

По две недели блокади и предупредувања, тие утрово од 7:20 часот се собраа кај мостот Близнак, а увидот на депонијата започна во 8:30 часот.

Од иницијативата најавија дека очекуваат средба со претставници на општинската власт во Аеродром директно на локацијата.

Граѓаните поднесоа список од седум конкретни и итни барања, меѓу кои: 24-часовен видео и физички надзор, итно иселување и згрижување на лицата кои живеат таму, поставување ограда и почеток на процес за конечно затворање на депонијата.

Бараат и откривање на потпалувачите на пожарите, како и строги санкции за сите кои и понатаму фрлаат отпад.

Од иницијативата предупредуваат дека нема да отстапат сè додека Вардариште не биде трајно затворено и дека нивниот отпор ќе продолжи со зголемена сила.

„Градот не смее да чека избори за да почне да дише“, порачаа активистите.