На територијата на државата се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои: 5 се активни, 3 се под контрола, а 29 се изгаснати.
Шума, ниска вегетација и сува трева гори во Василево, Радовиш и Берово, како и во Македонски Брод, потоа во Прилеп и Желино
Пожари кои се ставени под контрола во прилепско, Македонски Брод и Демир Капија.
Ова е листата на повеќе од 20 изгасната пожари која ја објави ЦУК:
Маврово – Ростуше: с. Симница – с. Церово (мешана шума и нива)
Тетово: кај фабриката Муневере (ниска вегетација)
Гостивар: с. Дебреше (2 пожара – дива депонија)
Велес: с. Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Куманово: с. Речица и с. Романовце (ниска вегетација)
Куманово: с. Романовце и с. Речица – свињарска фарма (стрниште)
Куманово: с. Лубодраг, с. Речица, градски гробишта (стрништа)
Куманово: населба Средорек (ниска вегетација)
Липково: с. Ваксинце (ниска вегетација и стрниште)
Прилеп 1: с. Штавица – с. Чумово, с. Волково, с. Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
Прилеп 2: с. Вранче (жито)
Прилеп 3: с. Мажучиште (ѓубриште – дива депонија)
Ресен: с. Шурленци – с. Езерани (трска и ниска вегетација)
Кичево: с. Белица (ниска вегетација и грмушки)
Струга: с. Велешта (ниска вегетација)
Пласница: с. Пласница (ниска вегетација)
Гази Баба 1: с. Црешево (ниска вегетација и мешана шума)
Гази Баба 2: Парк-шума Гази Баба (ниска вегетација)
Сарај 1: с. Семениште (ниска вегетација и мешана шума)
Сарај 2: Кеј на р. Вардар (ниска вегетација и ѓубриште)
Петровец: с. Горно и с. Средно Коњари (ниска вегетација)
Штип 1: с. Лесковица (мешана нискостеблеста шума)
Штип 2: ул. „Драги Иванов“ бр. 2, кај браната (ниска вегетација)
Штип 3: м.в. Мирјанина Цркава (ниска вегетација)











