Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Акутелната пратеничката Митева одржа прес-конференција како портпарол на Владата

/

пред 750 дена

Сподели преку :

„Функцијата пратеник е неспојлива со други функции кои се избрани или именувани  од Владата или од Собранието“. Ова уставно начело, пренесено и во Законот за пратеници, го прекрши пратеничката Марија Митева.

Вчера, кога Владата ја назначи за портпаролка, таа си поднесе оставка од пратеничката функција, а денеска ја одржа првата прес конференција како портпарол на Владата. Но, Законот за пратеници ја обврзува да остане во Собранието до денот кога тоа ќе биде констатирано на собраниска седница. Според Уставот, таа лично треба да ја поднесе оставката на седницата. Собранискиот календар ја најавува првата наредна седница за 22 ри октомври, што значи дека Митева ќе биде пратеничка уште две недели.

Телма постави прашање до новоименуваниот Советник за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски, како е можно пратеник да држи прес конференција во Владата? Одговор нема.