Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албанија ја забранува употребата на електрични тротинети

/

пред 367 дена

Сподели преку :

Од денеска албанското Министерство за внатрешни работи спроведува операција за забрана на движењето на електрични тротинети. Веста ја објави министерката Албана Кочиу, која  ги претстави новите мерки за јавна безбедност поврзани со употребата на електрични скутери и тротинети.

Кочиу изјави дека Министерството добило голем број поплаки од граѓани за опасноста што ја претставуваат овие возила, особено за малолетници и постари лица кои се движат по патиштата, но и за самите нивни корисници.

„Податоците од Државната полиција го потврдуваат овој растечки проблем“, изјави министерката.

Кочиу нагласи дека побарала од полицијата привремено да не дозволи движење на електрични тротинети по патиштата.

„Ќе изготвиме јасни и применливи правила за сите, разјаснувајќи еднаш засекогаш кои ленти, патишта или простори се дозволени за тротинети, а каде не. Ќе се утврдат и критериуми за возраст на употреба, заштитни мерки како што се шлемови, осветлување и ограничувања на брзината. Додека не се изготви целосна регулаторна рамка, јавниот интерес налага навремена интервенција“.вели таа.

Министерката додаде дека Албанија не е единствената земја која се соочува со овој проблем, потсетувајќи дека Франција, Италија и Германија веќе презеле драстични мерки, вклучувајќи и делумни или трајни забрани.