Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албин Курти поднесе оставка на премиерската функција

/

пред 552 дена

Сподели преку :

Албин Курти поднесе оставка на функцијата премиер на Косово, објавија медиумите во Приштина. За одлуката на писмено го известил Секретаријатот на косовскиот парламент.

Според законот, оние кои добиваат мандат како пратеници, а во исто време извршуваат функции во владата, како премиер, заменик премиер, министер или заменик министер, мора да поднесатоставка на нивната владина позиција. Тоа е во рамки на правилата кои забрануваат да бидат пратеници и дел од извршната власт истовремено.

Денешната конститутивна седница на собранието на Косово беше прекината, откако не беше усвоен извештајот на комисијата за верификација на мандатите на пратениците. Седницата, на која пратениците требаше да положат заклетва и да изберат претседател на законодавниот дом, започна со еден час задоцнување, за набрзо потоа да биде дадена пауза за заверување на мандатите на пратениците во деветиот состав на косовскиот парламент.

На седницата беа присутни 119 пратеници, вклучувајчи ги и на Српската листа, а премиерот Албин Курти, лидер на најсилната парламентарна група со 48 пратеници. Доколку претседателот на собранието го предложи најбројната политичка партија, како што Курти веќе најави, изборот ќе биде можен со 61 пратеник. Курти располага со 48, а се претпоставува дека уште 10 пратеници од малцинските заедници, освен Србите, ќе го поддржат неговиот предлог, како Ненад Расиќ од квотата резервирана за Србите.