Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алијансата на Села се позиционира како конструктивна опозиција – отворена за дијалог за стратегија, а не за политички договор

/

пред 291 дена

Сподели преку :

Алијансата за Албанците се позиционира како конструктивна опозиција отворена за дијалог, со тројца пратеници во Собранието. Но, лидерот на крилото Села вели дека партијата има коалициски капацитети и знае како да ги користи.

Прашан дали разговарал со премиерот Мицкоски за евентуална соработка во новата година, одговара кратко и јасно – дека не се сретнале.

„Алијансата за Албанците има коалициски капацитети, но Алијансата не ги користи истите за лични потреби и за именување функционери. Алијансата за Албанците ги искористува коалициските капацитети за да постигне политички цели кои се зацртани во нашата програма и платформа. Тоа сме биле и ќе продолжиме да бидеме“, вели лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. 

Алијансата на Села пред еден месец „се раситни“ во Собранието, откако пратеникот Демири одлучи да делува како независен пратеник. Неговата одлука следуваше неполни две недели откако лидерот на партиското крило, Села, објави дека го напушта политичкиот блок „Европски фронт“, предводен од ДУИ. Со тоа, Алијанса ја прекина коалицијата со интегративците.

Но, по одредени прашања сѐ уште имаат заеднички став.

Денеска лидерот на крилото Села, ги обвини поранешните партнери дека ја преземале идејата на неговата партија за Бадентер како услов за Влада и во Уставен суд. Партијата на Ахмети, на петтиот Конгрес пред една недела го испорача ова како свое барање, но и услов за евентуален иден влез во Влада.

„За жал или можеби и за среќа, се гледа дека и други политички опции нашите опции веќе ги прават во политичко делување на конгресите кои ги држат. Идејата за Бадентер во Уставен суд е идеја наша, на Алијансата за Албанците. Исто така, наша е и идејата за Влада да се гласа со Бадентер. Ова се теми за кои ние би разговарале, како и низа други теми за кои треба да се разговара“, вели лидерот Села. 

Крилото на Алијанса за Албанците денеска одржа Централно собрание во Скопје, со неколку точки на Дневен ред. Се анализираа локалните избори и се утврдија целите за 2026. Според лидерот Села – идната година треба да биде година на тешки политички одлуки. 2025 беше година на назадување на евроинтегративниот пат, гласи партиската оценка.  

Петар Догов