Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет пациенти биле оперирани иако немало потреба од кардиохируршка интервенција – утврди странската комисија

/

пред 144 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Азир Алиу ги објави резултатите од странската комисија за кардиолошките и кардиохируршките интервенции Комисијата ги истражуваше сомнежите за можни непотребни интервенции во приватни болници со цел финансиска добивка.

Случајот првично го отвори кардиологот Сашко Кедев со тврдења за неправилности во дел од третманите. Во продолжение дел од информациите кои ги соопшти министерот Алиу.

–Од вкупно анализирани 13 предмети, поврзани со сомнежи за непотребно изврешни операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај четири пациенти констатирше дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со прифатените стандарди на клиничка пракса. Додека кај останатите девет пациенти, според странските експерти документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација на пр: несогласување меѓу ангиографски наоди од коронографијата, писмениот извештај, по што следувало не соодветна индикација за процедурите било ендоваскуларните или хируршките процедури, кажа министерот Алиу на денешната прес-конференција.

Непотребните интеревнции според Алиу биле извршени и во државните и во приватните клиники.

Министрот не одговори пред новинарите дали министерството ќе поднесе кривична пријава, туку дека извештајот ќе биде даден до сите надлежни институции меѓу кои и до обвинителството.

На прашање на новинарите дали опрециите биле правени со умисла директорот на судска медицина кажа дека не е негова задача да одговори.