Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиу: Седумгодишното девојче кое почина во тетовската болница се лекувало претходно во приватна установа

/

пред 389 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство за седумгодишното дете кое почина во вечерашната Топ Тема изјави дека детето претходно било третирано во приватна здравствена установа еден ден, а потоа било донесено во Клиничката болница во Тетово.

„Ние баравме од Државниот санитарен инспекторат да оди таму, и веќе имаме резултати оттаму, наодот ни е доставен официјално. Утре ќе имаме наша експертска група што ќе ги види од клиничка гледна точка ќе го анализира целиот процес“ изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Според патоказот за лекување Алиу дополнително објасни дека седумгодишното девојче се лекувало во рамките на прописите, но сепак се потребни уште проверки. Дополнително се уште се чекаат резултатите и од обдукцијата.

„Според тоа што го читав остава простор за понатамошно следење на процесот. Се уште е рано да се излезе со детали без притоа, клинички со наша група на експерти да се анализира уште еднаш“, додаде Алиу.