Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амбасадата на САД во Бејрут ги повика Американците да го напуштат Либан

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Амбасадата на САД во Бејрут ги повика американските државјани да заминат од Либан „додека сè уште се достапни комерцијалните летови“.

Амбасадата, исто така, предупреди дека Иран и проиранските вооружени групи „можеби имаат намера да ги нападнат универзитетите во Либан“.

Иран, минатата недела, се закани дека ќе ги нападне американските и израелските универзитети во регионот како одмазда за нападите врз сопствените институции.