Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Aмбасадорот Зомер во интервју за „Бизнис објектив“ вели – растат инвестициите во Македонија има над 100 швајцарски компании

/

пред 111 дена

Сподели преку :

За една деценија трговската размена меѓу Македонија и Швајцарија двојно се зголемила, од 83 на 173 милиони евра. Паралелно, растат и инвестициите и сега во Македонија има над 100 швајцарски компании.

Сепак, потенцијалот за економска соработка меѓу двете земји е многу поголем, смета амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер.

Во интервју за „Бизнис објектив“ тој зборува за целите на швајцарската стопанска комора која неодамна се формираше во земјава, за тоа како да се продлабочи соработката, за поддршката што ја обезбедува неговата земја, како и за значењето на македонската дијаспора таму.