Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амбициите на ДУИ се разгоруваат, следна цел – претседател на државата

/

пред 1045 дена

Сподели преку :

На 28 јануари следната година, Талат Џафери ќе седне во премиерската фотеља на техничката влада пред избори. Но, тука не завршуваат амбициите на ДУИ – следна цел им е претседател на државата.

СДСМ го поддржуваат изборот на ДУИ за технички премиер. За возврат, го добија претседателското место во Собранието, за што веќе имаат и предлог.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Џафери нема никаков легитимитет да биде технички премиер.

Од оваа партија допрва ќе одлучуваат дали ќе учествуваат во техничката влада и ако да, со кои кадри.

Алијанса за Албанците, пак, на ова гледаат како на успех на Албанците.

Алијанса засега се со став дека ќе одат сами на избори, но дефинитивно ќе одлучи конгресот, кога ќе дискутираат и за тоа дали ќе имаат свој кандидат за претседател. Негираат дека ја условувале поддршката за техничката влада со местото во ДИК. Сметаат дека тоа место им припаѓа ним и ќе  предложат свој кандидат.

Се огласија и од Демократскиот сојуз кои не поддржуваат формирање на техничка Влада, особено со премиер од ДУИ. Предупредуваат на кршење на Охридскиот рамковен договор и на Амандман 6 од Уставот на Македонија, со тоа што ќе се формира техничка влада која дополнително ја суспендира правичната  застапеност на сите етнички заедници и ќе ја зајакне доминацијата на ДУИ, која има само 13 пратеници од вкупно 120 пратеници.

Далиборка Демјанска Цветановска