Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американец му ветил „форд мустанг“ на гостиварец и го измамил за 25 илјади американски долари

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Гостиварец вчера пријавил дека бил измамен од американски државјанин за сума од 25.000 американски долари.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во попладневните часови во ОВР Гостивар, 29-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Г.П. од САД за сума од 25.000 американски долари.

Според пријавеното, на 3-ти септември преку социјални мрежи тој стапил во контакт со лицето и се договориле да купи патничко возило „форд мустанг“ олдтајмер од 1968 година и првата поливина од цената да ја плати веднаш, а другата откако ќе го добие возилото.

Како што е пријавено, тој извршил уплата во филијалата на банка во Гостивар и по неколку дена изгубил секаков контакт со лицето, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.