Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американската амбасада во Скопје е збунета од изборот на Абази за прв човек на ОЈО ГОКК

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави се збунети од изборот на новиот шеф на Обвинитерството за организиран криминал и корупција, се вели во одговорот на Амбасадата на САД во Скопје во одговор на прашање на „360 степени“ за прв човек на ОЈО ГОКК.

„Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, наведува американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелар за „360 степени“.

Ваквата нејзина оценка е поради, како што додаде, потрошиле милиони долари во изминатите години на обуки на обвинители и на други во правосудниот систем.