Американски борбен авион Ф-16 се урна во морето кај западниот брег на Јужна Кореја, а пилотот е спасен, соопшти единицата на американското воздухопловство стационирана во таа земја. Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен еден час подоцна.
„Тој е свесен и пренесен e во медицинска установа за евалуација“, се вели во соопштението на американските воздухопловни сили.
Ова е втора несреќа на Ф-16 за помалку повеќе од еден месец во земјата. Во градот Гунсан на западниот брег е сместена една од двете главни воздушни бази што ги користи американската војска во Јужна Кореја. Во декември, Ф-16 се урна и за време на рутински тренинг лет, а пилотот исто така беше спасен.











