Aмерикански воен авион за полнење гориво што учествувал во операцијата против Иран се урна во Ирак и во тек се спасувачки акции, соопшти централната команда на САД.
Не е веднаш јасно дали има жртви. Американски функционер, рече дека авионот што се урна имал најмалку пет члена на екипажот.
Падот не се должи на непријателски или пријателски оган, соопшти војската во соопштението, во кое авионот е опишан како „загуба“.











