Американскиот Сенат усвои пакет помош во вредност од 93,5 милијарди долари за Украина и за Израел, јави „Си-Ен-Ен“.
Предлогот мина во сенатот и покрај критиките за законот и назнаките на поранешниот претседател Доналд Трамп кој се противи на таквиот потег, тврдејќи дека САД треба да престанат да даваат меѓународна помош, освен ако не е во форма на заем.
Законот мина со 70 гласа „за“, 29 гласа „против“, а поддршка доби од 22 републиканци.
Предлог законот вклучува 60 милијарди долари за поддршка на Украина во борбата со Русија, 14,1 милијарди долари безбедносна помош за Израел, 9,2 милијарди долари хуманитарна помош и 4,8 милијарди долари за поддршка на регионалните партнери во индо-пацифичкиот регион, се наведува во текстот на Одборот за доделување на средства на сенатот.











