Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американскиот Сенат усвои резолуција против царините на Трамп

/

пред 349 дена

Сподели преку :

Американскиот Сенат денес усвои резолуција со која се откажуваат многу од царините на американскиот претседател Доналд Трамп низ целиот свет, благодарение на поддршката на четири републикански сенатори.

Резолуцијата, која во пракса го укинува поголемиот дел од царинската политика на Трамп, беше усвоена со 51 глас „за“ и 47 „против“, по иницијатива на сенатори од редовите на демократите.

Скоро идентична резолуција не успеа во април поради нерешено гласање бидејќи републиканскиот сенатор Мич Меконел беше отсутен. Сенатор Ранд Пол, републиканец од Кентаки кој ги поддржа демократите во резолуциите, му ја припиша заслугата на Трамп за намалувањето на царините за Кина, но додаде дека тоа нема да го спречи растот на цените. Освен Пол, иницијативата на демократите беше поддржана и од Меконел, Лиза Мурковски и Сузан Колинс.

-Растечките цени вршат притисок врз американските семејства“, рече демократскиот сенатор Рон Вајден, додавајќи дека руралните американски држави каде што републиканците се на власт се „најтешко погодени.

Гласањето беше организирано од демократите, користејќи закон стар со децении кој му дозволува на Конгресот да ја поништи одлуката на претседателот за прогласување национална вонредна состојба. Трамп претходно донесе таква одлука за да го оправда воведувањето царини.