Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангелов: Изгаснат пожарот кај Штип, во моментов нема активни пожари на отворено

/

пред 1172 дена

Сподели преку :

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот кај Штип е целосно изгаснат како и дека во моментов не се регистрирани други пожари на отворен терен.

Командирот на ТППЕ-Штип Дарко Коцев за МИА вели дека пожарникарите остануваат на терен да ја следат ситуацијата со цел да не се активира повторно..

-Во моментов сме на терен, со цел да не се активира пожарот, кој вчера се рашири во три правци кон селата Драгоево, Пенуш и Софилари, вели Коцев.

Посочува дека огнените јазици пристигнале на два до три  километри од првите куќи во  селото Драгоево, а во гаснењето освен пожарникарите им помагало и месното население. Коцев вели дека и овој пожар е предизвикан од палење на стрништа по жетвата, а поради ветерот брзо се ширел.

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 29 пожари на отворен простор.