Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

/

пред 473 дена

Сподели преку :

Пожарот во Чучер Сандево е ставен под целосна контрола, иако на повеќе места има чадење. Сепак, дува ветар со јачина од 30 километри на час и во секој момент постои можност да се разгори, рече Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во вечерапната „Топ Тема“ на ТВ Телма.

„На терен се наоѓаат доволно екипи на скопската противпожарна заштита, нои доволно локално население кое даде голема поддршка во гаснењето на овојмногу тежок пожар. Конкретно, локално население беше фокусирано на одрбана на неколкуте села кои што беа загрозени од пожарот“, соопшти Ангелов и додаде дека во ниту еден момент не постоеше непосредна реална опасност по било кое село, ниту по црквата, ниту по манастирот.