Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска: Османи користел службено возило за партиски цели и за тоа има докази

/

пред 1366 дена

Сподели преку :

Антикорупциска останува на ставот, шефот на дипломатијата со службено возило и во работно време водел партиска агенда за избори од партискиот штраб во Скопје, го прекршил кодексот и треба да одговара. Наодите на Антикоруписка се темелат на факти и аргументи од документација прибавена во внатрешна ревизија и сите тврдења на Османи се неточни. Вицепремиерката за добро владеење Грковска е на потег, велат од Антикорупциска.

Министерот Османи пак ги отфрли тврдењата на антикорупционерите тврдејќи дека таков извештај на кој се повика Антиукорупциската не постои а своето присуство на партиски настан во текот на работното време го оправда тврдејќи дека бил на пауза. За Османи е спорно дали обезбедувањето од МВР треба да биде присутно со функционерите кога се на пауза, или партиски настани, и тоа треба да се расчисти.

Според Антикорупциска извештајот од внатрешната ревизија на Министерството покажал дека во изборниот период МНР имало 15 свои возила и две позајмени од Агенцијата за разузнавање за кои не се водела никаква евиденција и не може ниту да се докаже колку гориво потрошиле и колку километри изминале.

Огнен Чанчаревиќ