Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Aнтикорупциска отвори предмет за министерот Андоновски

/

пред 622 дена

Сподели преку :

Антикорупциската комисија ооформила предмет за министерот за информатичко општество Стефан Андоновски откако неговиот татко Љупчо Андоновски стана советник на премиерот Мицкоски, а неговиот брат Игор Андоновски на крајот на ланската година е назначен за началник на најголемиот скопски сектор во тајната служба- Агенција за национална безбедност.

По упатено прашање до претседателката на ДКСК, Татјана Димитроовска, генералниот секретар на Антикорупциска Адем Чучуљ телефонски ни одговори дека предметот е отворен по допрен глас и ќе се испитува концентрацијата на функции во семејството Андоновски.

Таткото Љупчо Андоновски во 2015-та година беше назначен за директор на УБК на местото на Сашо Мијалков. Функцијата ја напушти откако се пензионираше.

Имињата на советниците на премиерот Мицкоски беа објавени минатата недела кога Телма ги објави позициите на тројцата членови од исто семејство, но ДКСК отвори предмет по допрен глас по две прес конференции на СДСМ.