Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Aнтонио Кошта и Марта Кос го поздравија потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија за изградба на заемниот железнички тунел

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и еврокомесарката за проширување Марта Кос го поздравија потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија за изградба на железничкиот тунел меѓу двете земји, кој е дел од Коридорот 8.

„Голем чекор во соработката меѓу двете земји и промовира добрососедски односи. Покрај развојот на билатералните врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност“, објави на Икс претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, напиша: „Бугарија и Македонија се согласија да ја унапредат работата на Коридорот 8. Ова е клучен проект што ги поврзува Јадранското со Црното Море преку пат и железница и важен чекор за градење доверба преку регионална поврзаност, заеднички просперитет и контакти меѓу луѓето.“

Договорот за изградба на железничкиот тунел на пругата со Бугарија го потпишаа министрите за транспорт на двете земји – Александар Николоски и Гроздан Караџов. Допрва ќе се објавува тендер и сè уште не е познато колку ќе чини проектот, а ќе се гради со европски средства.

Претходно, министерот Николоски ја пријави Бугарија во Европската унија затоа што не сакала да ја гради пругата, а премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да финансира пруга што завршува во слепа улица – на половина тунел. Следеа и изјави од двете страни дека парите предвидени за оваа пруга ќе се пренасочат кон други проекти. Сепак, по низа договарања, договорот беше потпишан вчера.

T.Д.