Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на 9 декември закажа седница на која треба да се расправа по претставката од Здружението на родителите на загинатите во кочанската трагедија.
Се работи за редовна седница, на која е поканет да учествува целиот државен врв. Ако пратениците од мнозинството не се појават и нема кворум, седницата ќе биде прекината.
T.Д.











