Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелациониот суд Скопје ја поддржа одлуката на Стејт департментот за ставање судија на “црната листа“

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Aпелациониот суд Скопје ја поддржа одлуката на Стејт департментот на САД за ставање на судија на „црната листа“. Во соопштението на Судот стои дека во целост се дава поддршка за заложбите за борба против корупцијата.

Судиите на Апелациониот суд Скопје кон прашањето на корупција и судир на интереси, продолжуваат да градат отпорност кон политички и било какви други влијанија при правораздавањето, преку професионалност и транспарентност во работењето и почитување на принципите на националното и меѓународното право.

Апелациониот суд Скопје ја поддржува секоја заложба на надлежните државни институции за откривање и борба против евентуални случаи на висока корупција во судството, заради зачувување на интегритетот на судиите и судството во целина.