Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелациски суд ја потврди пресудата – Трамп треба да и исплати 83 милиони долари на новинарка за клевета

/

пред 402 дена

Сподели преку :

Трамп треба да и исплати 83 милиони долари на новинарка за клевета, потврди Апелацискиот суд.

Во овој случај, Трамп беше осуден на првостепена постапка во јануари минатата година по обвинение дека ја клеветел новинарката  Елизабет Џин Керол која го тужеше за силување извршено во 1990-тите.

Елизабет Џин Керол моментално има 81 година. Таа беше новинарка за списанието „Ел“.

Во 2019 година, таа го обвини Трамп дека ја силувал во гардеробата на голема продавница во Њујорк во 1996 година. Трамп ги отфрли овие обвинувања и ја клеветеше новинарката, за што беше осуден.