Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апсења на антивоен протест во Тел Авив

/

пред 184 дена

Сподели преку :

Најмалку 10 лица беа уапсени откако израелската полиција растури антивоен протест во Тел Авив.

Неколку стотици граѓани се собраа на плоштадот Хабима, повикувајќи на прекин на војната, и покрај сирените за ракетни напади од Иран и Јемен.

Протестот се одржа во услови на воени ограничувања кои дозволуваат јавни собири до 150 лица. Сепак, Врховен суд на Израел донесе привремена одлука со која се дозволува присуство на до 600 демонстранти на оваа локација.

И покрај тоа, полицијата го прогласи протестот за нелегален и интервенираше, оттурнувајќи ги демонстрантите и приведувајќи најмалку 10 лица, што предизвика дополнителни тензии во јавноста.