Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апсурден напад врз хеликоптер кај Вардар – Скопјанец фрлал со камења додека леталото полнело вода за гасење пожари

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Скопјанец на возраст од 55 години е лишен од слобода поради сомнение дека ја загрозил безбедноста на полициски хеликоптер кој учествувал во гасење на пожар кај Блаце.

Настанот се случил на 6 јули, кога хеликоптерот Белл 412 приоѓал до вливот на реката Лепенец во Вардар за да наполни вода.

Пилотите забележале лице кое влегло во коритото и фрлало камења кон леталото, со што била директно загрозена безбедноста на екипажот.

Инцидентот го принудил тимот да го смени местото на полнење вода, што дополнително ги забавило интервенциите за гасење на пожарите.

Од присутните лица било потврдено дека напаѓачот мавтал и фрлал камења, при што бил идентификуван како И.А. од Скопје.

По спроведени истражни дејства, на 12 август полицијата од ПС Карпош го приведе осомничениот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.