Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арифи доби четири години затвор, додека Амити една година и десет месеци за случајот „Геријатрија“

/

пред 256 дена

Сподели преку :

Поранешниот директор на Геријатрија, Муксин Арифи, е прогласен за виновен за примање поткуп, а Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание. Кривичниот суд му изрече на Арифи четири години затвор, додека на Амити една година и десет месеци затвор.

Како отежителни околности, Судот ги ценеше побудите на обвинетите на брз и лесен начин да се стекнат со материјална корист. Според пресудата, тие биле дрски во барањето поткуп, искористувајќи ја положбата и тешката состојба на сведокот.

Според обвинителниот акт, Арифи, во својство на директор на Геријатрија, побарал 20 илјади евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува во случајот.